На средбата меѓу лидерите на албанските политички партии во Македонија со премиерот на Албанија Еди Рама која се одржа синоќа во Тирана, како што изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека Македонија и Албанија имаат заедничка иднина во Европската Унија, но и заеднички предизвици кои ги очекуваат двете земји во овој период.
Тој додаде дека мора да се спречи заминувањето на младите од Македонија и од Албанија во европските земји и оти стандардите на двете земји треба да се усогласат со оние на земјите од ЕУ. Но, она што исто така го потенцираше тој е и дека „без Албанците нема да ја има Македонија“.
Според Ахмети, „средбата со премиерот Рама поминала во позитивен и братски дух“.
„Иднината на двете земји е во ЕУ. Предизвиците со кои се соочуваат двете земји се заеднички. Оваа фаза е многу тешка“, нагласи Ахмети.
По повод големата миграција на младите од Македонија и Албанија во европските земји, лидерот на ДУИ порача дека „стандардите на двете земји треба да се усогласат со оние на земјите од ЕУ“.