Четиригодишно дете денеска било примено во Ургентниот центар во Благоевград, Бугарија, откако, како што пренесуваат медиумите, неговиот татко го полил со бензин и го запалил.

Детето се здобило со изгореници на 80 отсто по телото и лекарите се борат за неговиот живот, јавува бугарската телевизија bTV.

Според бугарската телевизија, во моментов има две верзии за тоа што се случило.

Мајката во полиција изјавила дека таткото е виновен за несреќата, а таа не живеела со таткото на детето.