Стружани со поделени ставови за инцидентот од пред неколку дена, но велат кога властите не преземаат ништо ние мора сами да се браниме. Убивањето на животните со пушка не е решение и затоа бараат од општината итно да изнајде решение.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Струга велат дека поднеле амандман за изградба на соодветно прифатилиште за бездомните кучиња, но коалицијата СДСМ ДУИ го одбила без образложение.
Нападите од кучињата скитници во Струга станаа секојдневие, а општината наместо да го реши проблемот ги обештетува граѓаните.
Иако не откриваат која сума на пари е потрошена досега,информациите кои кружат во јавноста се дека минималната сума по лице е 500 евра.Од 2019 та досега во Струга напад од куче скитник пријавиле околи 80ина граѓани.