Велешката полиција уапси три лица кои биле фатени при купопродажба на дрога. 25-годишник ја голтнал дрогата мислејќи дека ќе се спаси.
-Вчера во 18.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.М.(49), Д.Ѓ.(33) и М.Т.(25), сите од Велес. Во близина на угостителски објект на Автобуската станица во Велес, полициски службеници службеници го затекнале Т.М. при продажба на амфетамин на Д.Ѓ. и М.Т., а подоцна во угостителскиот објект, откако ги забележал полициските службеници, Т.М. голтнал две пакувања со амфетамин, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.