Ковачевски и Османи цел ден молчат за асимилаторскиот говор на Џамбаски, за да им поминуваат криминалите согласни се со сите кои имаат аспирации кон Македонија велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Ангел Џамбаски сред Скопје ја негираше македонската држава и народ, а од МНР и Владата молчат. За осуда и протесна нота за ваков инцидент не треба да се чека ниту 5 минути, а не цел ден. Што чекаат Ковачевски и Османи и од што се плашат? Или можеби се согласуваат со Џамбаски, ако се согласуваат чесно е да кажат. Со Ковачевски и Османи имаме само негации. Додека тие се фокусирани на тендери, политичари со шовинистички говори го навредуваат народот и државата. Срамен е молкот од власта. Владата на СДС и ДУИ е неспособна да ја штити државата, затоа треба што поскоро да си замине. Потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги брани националните интереси и ќе работи на развој на државата се вели во реакцијата од опозициската партија.