Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот и само на територијата на Скопје изрече 170 казни. Од нив најголем број се за возење под дејство на алкохол, 35, , за возење повеќе од дозволената брзина казнети се 31 возач, 18 мерки за возење без возачка дозвола, шест мерки за нерегистрирани возила.

Како што информираат од МВР, изречени се пет санкции за минување на црвено светло, а пет санкции за возач почетник.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.