Првпат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и произведуваат енергија рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.
– Во една од најпредизвикувачките зими за светот, електрична енергија во државата има и ќе има, без рестрикции. Цената на електричната енергија не се зголемува, со што пропаднаа апокалиптичните сценарија на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. ЕСМ обезбедува струја за 100 проценти од домаќинствата во нашата држава, како и евтина електрична енергија за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија, болниците. Освен што се задоволуваат 100 отсто од потребите, вчера повторно е извршен и извоз на електрична енергија од домашно производство. Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар што значи дека македонската економија ќе биде заштитена вели Костовски.