Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нормално беше да работат трите блока во РЕК Битола, без песови, фалби и сликање за нешто што е нормално.
Владата во заминување ја забавува јавноста со пуштање во работа на БЛОК 3 кој претходно самите го запалија, претставувајќи ја катастрофата која ја предизвикаа пред 400 дена, како триумфална победа што чиниш отворија нуклеарна централа или некој од ГОЛЕМИТЕ инвестиции кои ги ветуваа !!!
Да не беше тажно, ќе беше смешно. Но, за жал сметката од овие самонаречени експерти кои ја уништија македонската енергетика на крај ќе ја платат граѓаните со двојно повисока цена на електрична енергија во ефтина тарифа почнувајќи од месец јануари.
Изминатиов период Владата на СДС го активира својот ПР и започна со сопствено рекламирање и фалење како успешно се справува со енергетската криза. Секојдневните прес конференции на Владата дека 100% го покрива регулираниот пазар со домашно производство и нула kWh електрична енергија увоз, не се доволни за да се заборави најважното:
До скоро не можеше да помине недела без испад на некој производствен капацитет! Увозот на електрична енергија стана секојдневна реалност, па за периодот од 30 дена „ЕСМ Продажба“ потроши за увоз 33 милиони евра, пари од буџетот, за да го надополни намаленото домашно производство.
Многу скапо не чини неспособноста на ЕЛЕМ да ги стави во функција производствените капацитети, па имавме секојдневни загуби од 1 милион евра, додека власта ја лажеше јавноста дека домашните капацитети не работат затоа што цената на струјата на берзата е поевтина од цената на произведената електрична енергија и поисплатливо било да се купува и да се заштеди на енергенси за производство.
Но, во секој случај едно е јасно: македонската енергетика под раководство на СДС и ДУИ е целосно уништена. Колку и да се фалат со пресови и настапи, нè чекаат долги години на тежок рестарт и враќање на состојбите во нормала!