Огнените не се откажуваат од смена на Артан Груби, откако не успеаа да го премислат лично лидерот, ќе се обидат му направат притисок преку базата и да го стават во шах – мат позиција, пренесува ТВ24.
– Ќе продолжиме со средбите со структурата, за да го слушнеме и ние гласот на граѓаните,но министрите да слушнат што мисли членството за нивната работа. – изјави Изет Меџити – потпретседател на ДУИ и дел од „огнените“.
Токму в среда во центарот на Скопје, огнените планираат преку средба со подмалдокот на партијата да му покажат на Ахмети дека е осамен во како што велат бранењето на Артан Груби. И додека огнените како што најавуваат ќе го уриваат Груби од базата, од средби со членството и споделување на своите ставови не се откажува ниту Али Амети засилен токму со Артан Груби.
Ахмети вчера од Гостивар по месеци игри на нерви со огнените и тврдења дека нема фракции во ДУИ јасно и гласно порача дека Груби останува.
– Грешат и јас им кажав, две години се молев, треба да се мисли за крајот, а не на почетокот затоа што се памети крајот. 10 години сакаа да го тргнат Муса Џаферi од вицепремиер, јас не го сменив, затоа што ја почитувам волјата на мнозинството, инсистираа Абдилаќим да биде сменет од вицепремиер, но јас не го отстранив затоа што ја испочитував волјата на мнозинството. Сега велат, тргни го Артан, ви велам нема да го сменам затоа што тоа е одлука на мнозинството. – изјави Ахмети.
Војната во ДУИ предизвикува нервоза и загриженост на Бихаќка. Според висок партиски функционер од координација во СДСМ, иако двоецот Ковачевски и Ахмети се а линија, сепак тој очекува и средба меѓу лидерот на СДСМ и неговиот коалициски партнер од ДУИ на која Ковачевски би побарал Ахмети да си го среди сопствениот двор, но и да ги повтори гаранциите дека пратеничката тројка Меџити, Коџуку и Реџепи нема да бидат пречка за уставните измени, но и дека нема да гласаат против неговата Влада.