Шест лица, меѓу кои и шестмесечно бебе, неговата мајка-тинејџерка и една постара жена, беа убиени вчера во земјоделска заедница во Централната долина во Северна Калифорнија во, како што рече локалниот шериф, најверојатно испланиран напад на нарко картел.
Масакрот се случил околу 3:30 часот изутрина по локално време во и околу резиденција во градот Гошен во округот Туларе во близина на Висалија, околу 380 километри југоисточно од Сан Франциско. Властите, како што пренесува ДПА, соопштија дека трагаат по двајца осомничени и дека убиствата веројатно се поврзани со налогот за претрес извршен минатата недела во една од домовите што резултираше со едно апсење и запленување пиштоли, марихуана и метамфетамин.
– Мислам дека тоа е конкретно поврзано со картелот, изјави шерифот на округот Туларе, Мајк Будро за Лос Анџелес Тајмс.
Властите не ги објавија имињата или возраста на сите жртви, но рекоа дека се чини дека некои се членови на исто семејство.