На македонскиот национален тим му треба чудо за да се пласира во главната групна фаза. По првите триесет минути нашите најдобри ракометари заостануваат зад Аргентина со 11-18 и пак скапо ги чини лошиот прв дел од полувремето.
Нашиот стручен штаб се одлучи за Петров на местото на Младеновиќ за разлика од дуелот против Холандија, а Аргентинците останаа исти од тимот кој загуби со единаесет разлика од Норвешка. Ѓорѓиев почна во стартниот тим, а во првата минута одбрана запиша Митревски, а од првиот напад погоди Талески. Сепак, брзо дојдеа техничките грешки и Пиза ро и Мартинез погодија за 3-5 во 10. минута.
Масиел се разбрани, а кога Пизаро постигна свој втор погодок, Лазаров повика минута одмор при 4-8 во 12. минута. Ниту влегувањето на Кузмановски во игра не го подобри ефектот, Талески беше прочитан и Симоне од контра погоди за високи +6 за Аргентина во 17. минута.
Проблемите во нападот ги прекина Талески со гол од полуконтра за 6-11 во 20. минута. Томовски застана меѓу стативите, но и тој не можеше да ги сопре Пизаро, Симоне и другарите. Техничките грешки ни се повторија од претходните натпревари и на одмор се замина со високи 11-18.
Талески со три гола беше најефикасен наш ракометар во првиот дел, а Пизаро со четири и Симоне со три погодоци се истакнаа во аргентинскиот табор.