Општина Аеродром ќе добие нови паркинг простори, најави градоначалникот на оваа скопска општина откако пред неколку дена во населбата Стар Аеродром беше пуштен во употреба нов паркинг на простор од околу 1500 квадратни метри со капацитет од 60 паркинг места.
-Активно се работи за почеток на изградба на паркинзи на уште две други локации со вкупен капацитет од над 160 паркинг места, првиот во близина на „Мајчин дом“, а вториот во населбата Мичурин, најави Муцунски.
-Настојуваме во нашата работа да ставиме акцент на најважните предизвици со кои се сооочуваат граѓаните, водејќи сметка за развојот на секое населено место. Во буџетот за оваа година предвидени се голем број инвестиции со кои Аеродром и понатаму ќе биде најубаво место за живеење, порача Муцунски.