Аљоша Недев во машка и Јадранка Недева во женска конкуренција се прогласени за најдобри каратисти за 2022 година во избор на членовите на Управниот одбор на Македонската федерација во традиционално карате (МТКФ).
Најдобриот македонски каратист за 2022 во изборот на МТКФ минатата година стана првак во кати и фукуго и вицешампион во кого кумите на ИТКФ Светскиот шампионат во Скопје, како и европски шампион во кати и „сребрен“ во фукуго на Европскиот куп во Римини.
Признанието најдобра каратистка Јадранка Недела го заслужи со освоените златни медали на Светскиот шампионат во кати во Скопје и во фукуго на Европскиот куп во Римини.
Годишни признанија за најдобрите за 2022 во избор на МТКФ:
Најдобар каратист – Аљоша Недев
Најдобра каратистка – Јадранка Недева
Тренер на годината – Дејан Недев
Најдобар ветеран – Ристо Сакалиев
Награди за придонес во развојот на традиционалното карате во Македонија и развојот на МТКФ – Аце Миленковски, Огнен Стојановски, Наташа Смилевска, Радмила Васевска и Антонио Зврцинов.
Најдобри судии – Ангеле Јовановски, Кочо Василев и Љупчо Миленковски.
Најдобар младинец/јуниор – Димитри Влахо.
Најдобри младинки/јуниорки – Мила Саздова
Најдобра кадетка – Мила Младеновска
Најдобри деца од 10 д 13 години (машка конкуренција) – Филип Пасков
Најдобри деца од 10 д 13 години (женска конкуренција) – Камелија Недев
Најдобри деца од 6 до 9 години (машка конкуренција) – Филип Недев
Најдобри деца од 6 до 9 години (женска конкуренција) – Срна Вапски.