Ноев е категоричен дека промената на Уставот е главен услов за европската перспектива на РСМ. „Во РСМ се уште е забрането да се биде Бугарин и на тоа мора да се стави крај“.

Има бугарски политичари кои не треба да се пуштаат не само во РСМ, туку не треба да се пуштаат и во бугарската политика. Тоа се бугарски политичари кои сакаат Бугарија да се одвои од Европа. Тоа се политичари кои прават референдуми за отцепување од Европа, против еврото, можеби за влез во зоната на рубљата. Тоа се политичари кои отворено ги бранат интересите на Кремљ во Бугарија, вели Ноев

Никогаш немало вето за Северна Македонија, но клучниот услов на Бугарија е правата на македонските Бугари да бидат заштитени и почитувани со правата на сите други народи и луѓе во РСМ. Се додека ова не се случи, нема да има европска иднина за Република Северна Македонија“, изјави во „Ова утро“ на БТВ експертот за национална безбедност и поранешен министер за одбрана на Бугарија, Бојко Ноев.

„Потврдувањето на македонскиот идентитет доаѓа на сметка на забраната на се што е бугарско, што се одразува и на самите луѓе во РСМ кои се сметаат себеси за Бугари. Македонските власти се правдаат дека не можат да направат измени во македонскиот устав за признавање на правата на македонските Бугари. Но, во исто време донесоа закон против Бугарите за само неколку дена“, рече Ноев.

Тој е категоричен дека промената на Уставот е главен услов за европската перспектива на РСМ.

„Во Македонија сè уште е забрането да се биде Бугарин и на тоа мора да се стави крај“,смета Ноев.

Тој, сепак се осврнува и на фактот, за кој вели дека Бугарија не може да ги затвора очите, а се однесува на тоа што има бугарски политичари кои ги влошуваат односите со Северна Македонија и даваат повод на македонските власти да „најдат оправдување тогаш кога се тепаат бугарски граѓани и македонски Бугари“.

Неговите забелешки се однесуваат на тоа што пред неколку дена претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, објави дека ќе побара да им се забрани на бугарските европратеници и политичари да присуствуваат на прославата за Гоце Делчев во Скопје на 4 февруари. Причината е дека македонските специјалци добиле информации за некои од нив дека се поврзани со руските служби.

„Има бугарски политичари кои не треба да се пуштаат не само во РСМ, туку не треба да се пуштаат и во бугарската политика. Тоа се бугарски политичари кои сакаат Бугарија да се одвои од Европа. Тоа се политичари кои прават референдуми за отцепување од Европа, против еврото, можеби за влез во зоната на рубљата. Тоа се политичари кои отворено ги бранат интересите на Кремљ во Бугарија“, рече Ноев.

Тој додаде дека „лицето кое има врска со Русија има валутен прекар и е шеф на бугарска политичка партија“, додавајќи дека луѓето како него нанесуваат тешка штета не само на европската иднина на Бугарија, туку и на односите со Северна Македонија и на безбедноста на Бугарија.

„Руските служби во нашата земја имаат улога во нашиот политички живот и за жал ние не преземаме доволно мерки за таквото неутрализирање“, рече тој.

Бојко Ноев истакна дека македонските власти мора да кажат кои се тие служби што стојат зад тие систематски дејствија за насилство над македонските Бугари.