Македонската ракометна репрезентација на 27. место од 32 селекции го заврши настапот на Светското првенство откако денеска ја совлада Јужна Кореја со 36-33.

Одлично го почнавме првиот дел, во еден момент имавме водство и од шест голови разлика 17-11, но паднавме во финишот и на одморот заминавме само со еден позитива, 20-19.

Во второто полувреме Јужна Кореја успеа да го сврти мечот, на двапати имаше предност од еден гол, но кога се одлучуваше победникот, го кренавме нивото направивме серија и дојдовме до победа од 36-33.

Најдобар поединец во нашата репрезентација беше Томовски кој имаше 14 одбрани, најдобар стрелец беше Кузмановски со осум голови, Костески постигна шест, Серафимов пет, Талески четири. Во составот на Јужна Кореја, Јин имаше осум од осум.

Со овој натпревар Македонија го заврши настапот на Светското првенство со најлош пласман досега, 27. место.