Не стивнуваат реакциите на граѓаните по последните случувања кои ги влошија и таква кревките односи помеѓу Македонија и Бугарија. На социјалните мрежи се шири иницијатива за ноќна стража на гробот на Гоце Делчев, а народот дополнително се самоорганизира за да го спречи доаѓањето на организираните бугарски групи до гробот на Делчев на 4 февруари, денот на неговото раѓање.
Не стивнуваат реакциите на граѓаните по последните случувања кои ги влошија и таква кревките односи помеѓу Македонија и Бугарија.
На социјалните мрежи се шири иницијатива за ноќна стража на гробот на Гоце Делчев, а народот дополнитечно се самоорганизира за да го спречи доаѓањето на организираните бугарски групи до гробот на Гоце Делчев откако бугарскатa фондација „Македонија” на својата официјална фејсбук страница вчера вечер објави водич за сите Бугари што ќе сакаат на 4 февруари да дојдат во Македонија на поклонение на гробот на Гоце Делчев.
Кревките односи со Бугарија повторно беа влошени по инцидентот во Охрид кога беше претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков но и откако дел од бугарските политичари излегоа во јавноста со изјави во кои се препознаваат територијални претензии но и алудирање на атентат врз претседателот на Македонија, Стево Пендаровски