Софиското окружно обвинителство поведе предистражна постапка за смртна закана упатена кон Христијан Пендиков, кој беше претепан во Охрид, а подоцна опериран на ВМА во Софија.
Според тамошните медиуми, Пендиков поднел пријава до МВР на Бугарија бидејќи на социјалните мрежи му била испратена заканувача порака на македонски јазик. Надлежниот обивнител побарал да се извршат проверки на наводите во пријавата.
Истрагата за случајот е доделена на ГДБОП – МВР.