Совет на Амбасадори со длабока тага и жалост ја прими веста за катастрофалниот земјотрес кој тешко ги погоди некои делови на Турција и Сирија во кои се најдоа неколку илјади загинати и повредени луѓе, известуваат од таму.
„По повод овој трагичен настан Советот на Амбасадори ја дели болката со семејствата на загинатите и им изразува длабоко сочуство а на повредените им посакува брзо оздравување“, се подвлекува во соопштението.
Советот на Амбасадори ги повикува граѓаните, согласно нивните можности во овие тешки денови за жителите на погодените региони на Турција и Сирија од катастрофалниот земјотрес да придонесат за санирање на оваа тешка состојба.