Со првите минусни температури дојдоа и првите ненајавени влечења на струја годинава од европската енергетска мрежа.
Министерот за економија Бектеши ги потврди информациите на директорот на МЕПСО, Муртезани, дека земјава повторно е опомената од Европа.. Според него, станува збор за ненајвено преземени 1 700 мегавати во неделата, во најголем дел од страна на приватните трговци со струја, но дел преземала и ЕСМ.
„ Сабајлево имав координација со директорот на ЕСМ, во наша држава не се увезува струја за регулиран пазар. Овие повлекувања не се сите од страна на ЕСМ. Можат да се направат и од снабдувачи кои ги снабдуваат тие фирми кои се на слободен пазар.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
Муртезани синоќа во телевизиско гостување кажа дека се уште не е познато колкава ќе биде фактурата за ова влечење на струја од мрежата, но предупреди дека тоа не може да биде решение за недостигот што ја појавува во земјата…
„Имавме отстапување од 1 700 мегавати за кое што експресно добивме предупредување од Европската енергетска асоцијација. / Цел енергетски систем на Европа се соочува со проблем да се држи балансиран, плус и Украина заради војна зависи многу од таа енергија на европската мрежа, така да се спасиме на отстапувања од мрежата буквално нема да ни биде дозволено.“ кажа Орхан Муртезани, директор на МЕПСО.
Од ЕСМ соопштија дека кај нив се појавил кусок во неделата од 820 мегаватчаса, што е скоро половина од повлечената струја, поради наглото зголемување на потрошувачката придзвикано од падот на темепратурите.
За кого конкретно била неменета оваа електрична енергија, информција нема, но МЕПСО потврдуваат дека од 1 февруари Железница повторно е приклучена директно на мрежа и оттаму влече струја.. Оваа државна компанија во декември кратко беше исклучена од ЕВН поради неплатените сметки, но откако владата почна да подмирува дел од долгот, повторно склучила одговор со Дистрибуција, но само за јануари.