Ковачевски доби пас да ја прими Алијанса, па СДСМ најави дека ќе се прошири парламентарното мнозинство.

Централниот одбор на СДСМ вечерва го овласти претседателот на партијата Димитар Ковачевски да ги заокружи преговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Фејсбук објавата на политичката партија ја пренесуваме во продолжение:

Имаме исчекор за поголемо парламентарно мнозинство, за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ
Централниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.
Со принципите на платформата за соработка со Алијанса на Албанците, кои денеска ги одобри Централниот одбор, се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите.
Во услови кога се уште светот е во енергетска и економска криза, стабилност и ефикасност ќе допринесе да продолжиме со реформите во економијата, во судството и во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ.
Нашите деца, нашите граѓани, немаат време за губење. Зголеменото владино мнозинство ќе се погрижи никој да не остане сам оваа зима и заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година.
Се создаваат услови за унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Поголема поддршка добива планот за стратешкото партнерство со САД и унапредување на добрососедските односи.
Кадровското освежување ќе внесе нова енергија во реализација на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ во интерес на сите граѓани и иднината на земјата.
Се отвора можност за соработка на локално ниво во општините и советите со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Јасно е дека изборите ќе се одржат според планираното во 2024 година. Ова е добро за стабилноста, за инвеститорите и за економијата.
Работите се јасни. СДСМ го задржува бројот на министри како и досега, имаме зголемено мнозинство во Собранието, поголема поддршка на реформскиот и на европскиот курс на земјата и политичка стабилност.