Цената на владеењето на власта предводена од Димитар Ковачевски стана премногу висока и истата се плаќа со човечки животи. Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали не смееја да дозволат луѓе да умираат затоа што нема лек, обвнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски, пак, да престане да се крие зад министерот Сали, кому очигледно му се изброени деновите на функцијата.

Каде беше Ковачевски кога болните од цистична фиброза протестираа пред Владата? Ковачевски нека престане да глуми и да си замине веднаш заедно со неговата неспособна екипа. Оваа неспособна Влада треба да си замине час поскоро за да се спасат граѓаните.