104 седница на Собранието ќе се одржи во понеделник, 13.02.2023 година во 15 часот а по завршувањето на веќе претходно закажаната 103 седница на Собранието, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, објави МКД.мк.

На 104 седница на Собранието на Дневен ред се четири точки и тоа разрешување на министри и заменици министри и именување на новопредложените министри и заменици министри.

Наместо да дадат оставки кај премиерот, актуелните министри и заменици министри ќе бидат разрешени од Собранието, можност што го даваат Законот за Влада и Деловникот за работа на Собранието.

Претходно денеска, премиерот Димитар Ковачевски објави дека го поднел предлогот за реконструкција на Владата.

Веднаш потоа со првични реакции се јавија и дел од партиите а новиот партнер во Владата, Алијанса за Албанците (АА) ја промовираше агендата на која ќе работат а како дел од коалицискиот договор со власта.

Според договорот, АА добива три министерски и две заменик-министерски места.

Дали ќе останат дел од владеачката коалиција, од Алтернатива најавија конечен одговор за утре.