На 11.02.2023 во 03.15 часот во Полициска станица Крушево било пријавено дека во с.Пресил, крушевско, во куќа сопственост на Џ.А.(34) од с.Пресил, настанал пожар.
-Според пријавеното, при излегување од куќата неговата мајка Б.И.(66) паднала и се здобила со повреди, по што е пренесена во Медицински центар во Прилеп за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Крушево, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крушево.