Пожар избувнал околу 15:00 часот во куќа на улицата „Роза Гапева“ во штипската населба „Сењак“, а при интервенцијата полесно се повредил еден пожарникар, соопшти Центарот за управување со кризи.
Било веднаш интервенирано, но поради силината на пожарот, дополнително се повикани уште два камиона и седуммина пожарникари кои не биле на смена, па пожарот го гаснеле вкупно четири возила и 13 пожарникари.
Огнот вечерва бил изгаснат, а изгорени се покривот и поткровјето на куќата. Нема повредени, освен пожарникарот. Причините за избувнувањето на пожарот се истражуваат.