АД ЕСМ вчера произведе 22.933 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.

При тоа, како што посочуваат во термоелектраните се произведени 16.502, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 6.431 мегават час електрична енергија.