Познат турски спортист и неговото мало дете загинаа во земјотресот.
Капитенот на турската ракометна репрезентација Џемал Кутахја, на возраст од 32 години и неговиот син Чинар кој имаше 6 години, загинаа во разорните земјотреси што минатата недела ги погодија јужните делови на Турција, потврди Турската ракометна федерација (ТХФ). Нив ги нашле под урнатините на куќата во која живееја во Антакија.
Сопругата и мајката на спортистот засега не се пронајдени. Минатата недела силен земјотрес од 7.8 степени ги зафати Турција и Сирија.
Над седум милиони деца се погодени од разорните земјотреси во Турција и Сирија, објави денеска УНИЦЕФ. Се смета дека неколку илјади од нив загинале.
Но, најразорниот земјотрес во Турција од 1939 година може да го собори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од власт.