63-годишен прилепчанец, кој извадил пиштол во расправија со тројца млади сограѓани и испукал еден куршум во земја, е уапсен, соопшти полицијата.
На 14.02.2023 околу 18.45 часот во Прилеп, полицајци го лишиле од слобода Р.М.(63) од градот. Околу 18.10 часот, по претходна расправија со А.М.(28) и Б.М.(38), двајцата од Прилеп, тој од пиштол испукал во земја и му се заканил на Л.П.(27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели. Според пријавеното, А.М. и Л.П. успеале да му го одземат пиштолот „Застава М-70″ калибар 9 мм. Увид бил извршен, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка“, се вели во полициското соопштение.
Со А.М., Б.М. и Л.П., кои биле задржани во полициска станица, бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР