Бројот на загинатите во земјотресите што минатиот понеделник ја погодија Турција се зголеми на 36.187, соопшти денеска Турската агенција за управување со катастрофи (АФАД).

Од Агенцијата посочија дека повеќе од 4.300 последователни потреси ја погодиле зоната на катастрофата од првичниот земјотрес.

Според претходните извештаи, повеќе од 41.000 луѓе загинале во двата силни земјотреси што ги потресоа Турција и Сирија на 6 февруари.