Најмалку 18 мртви тела на мигранти се пронајдени во Бугарија во напуштен камион во село во близина на Софија, соопшти денеска бугарското МВР.
-Според првите информации, камионот превезувал илегални мигранти, вкупно околу 40 лица, кои се криеле на скриено место под дрвата што се превезувале, соопшти Министерството.
Преживеаните се префрлени во болница, за да им биде укажана лекарска помош.