МЗТ Скопје Аеродром стана најтрофеен клуб во Купот на Македонија, откако вечерва во СРЦ „Кале“ во финалето го совлада Феникс со 89:73.
За „сино-белите“ од Аеродром ова е 11. трофеј во националниот куп, оставајќи го зад себе, лутиот ривал Работнички со 10 трофеи.
Феникс и покрај тоа што остана без трофеј, а важеше за аутсајдер пред финалето, одигра извонредно и му пружи достоен отпор на големиот противник.
Страхиња Мичовиќ со 20 и Војдан Стојановски со 16 поени беа најефикасни во победничкиот состав.
Кај Феникс се истакнаа Бојан Трајковски со 22 и Ивица Димчевски со 21.
За МВП на турнирот е прогласен Војдан Стојановски.
Во предигра на машкото финале, женскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром го победи Баскет Кам и за прв пат во својата историја го освои вредниот трофеј.