Поради изведување на водоводен приклучок Ф 150мм. на улица „11-ти Октомври“ пред порта „Македонија“ денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „11-ти Октомври“ пред порта „Македонија“, Градскиот Трговски Центар и околните згради.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на приклучокот.