Нов силен земјотрес денеска ја погоди Турција на границата со Сирија.
Земјотресот бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 20 километри западно од Антакија во провинцијата Хатај и на 75 километри од сирискиот град Латакија.
Турската управа за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека во 20:04 часот по локално време се случил земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во областа Дефне во Хатај.
Тие додаваат дека во 20 часот и 7 минути се случил уште еден последователен потрес со јачина од 5,8 степени, чиј епицентар бил квартот Самандаг во Хатај.
На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледаат вознемирени луѓе собрани на улица.
Инаку, повеќе од 46.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што ги погодија Сирија и Турција на 6 февруари.