Една година подоцна, претседателот Бајден ќе зборува во Кралскиот замок во Варшава за да ги нагласи напорите на САД да ја пренесе поддршката за Украина.

Денес Бајден престојуваше во Киев, градот кој, како што рече, му го украде срцето. Тој најави дополнителна испорака на воени материјали за Украина, како и дополнителни санкции против елитите и компаниите кои учествуваат во „руската воена машина“. Тој нагласи дека во текот на минатата година, Соединетите држави изградија коалиција на нации од Атлантикот до Пацификот за да помогнат во одбраната на Украина со невидено воено, економско и хуманитарно снабдување.

„Пред една година светот мислеше дека Киев ќе падне. Една година подоцна, Киев исправено стои, рече претседателот Бајден.

Од почетокот на руската војна против Украина на 24 февруари 2022 година, Полска стана клучен играч во соочувањето со агресијата на Москва и незаменлив партнер на САД во регионот. Над 7 милиони Украинци ја минаа полската граница како бегалци, а еден милион се привремено сместени овде