Утрово гостин на Радио Лидер е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и со него се разговараше на актуелни политички теми. Една од нив беше најавата за зголемено парламентарно мнозинство, а од него и тековната изјава околу албанските политички партии кои се дел од широката владина коалиција.

– Јавноста знае дека веќе осми ден се води дебата околу на владата за рекомпонирање на владата. Велам обидот затоа што има голема разлика меѓу обид и реализација. Во тие услови кога драматично ја губат битката во Собранието затоа што немаат аргументи се обидуваат да ја дефокусираат јавноста измислувајќи разни теми, започна Николоски.

Николоски додава дека ВМРО-ДПМНЕ отвора големи скандали околу владината коалиција, па така се осврна на еден од најозогласените

– Ние паралелно со дебатата во Собранието отворивме една огромна тема поврзана со вториот човек на ДУИ, Артан Груби и богатството кое го трупа неговото семејство. Она што е најзагрижувачко кај власта е тоа што јасно ја нацртавме политичката корупција која се случува во Македонија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека ја објаснил траекторијата на Алијанса за Албанците за влез во Владата, а тоа го посочи и низ конкретен пример. Според Николоски има две причина зошто Алијанса за Албанците дел од Владата. Првата се должи на слабиот изборен резултат на локалните избори во Тетово каде АА не зема ниту еден советник, а втората причина е подарок куќата за Арбен Таравари доби во елитниот кварт на Скопје куќа за само 500 евра од квадрат.

– Алијанса за Албанците не успеа да освои ниту еден советник, а тој изборен резултат доведе до оставка на Зијадин Села. Факт е дека во полошкиот регион Арбен Таравари е повлијателен и очигледно тој го намести Зијадин Села, започна Николоски и додаде дека вкупна квадартура до сега е 261 квадрат официјално купена по 500 евра квадрат иако и таа трансакција не е направена.

Николоски се осврна и на најавите за зголемено партиско мнозинство, а според него лагите на власта се распрснале како меур од сапуница.

– Резултатот за зголемување на партиското мнозинство е дали сега воопшто имаат парламентарно мнозинство. Досега веќе 7 луѓе се надвор од партиското мнозинство. Да не зборуваме дека паднаа сите бајки во јавноста, а да не зборуваме за лагите за промена на Уставот. Сите лаги им се распрскаа како меур од сапуница, заклучи Александар Николоски.