Влегувањето на Алијанса во Владата на една година пред изборите е непотребен потег и акробација, нема ни што да се покажат ни да се докажат. Ова е коалиција за дневна политика и за да се потисне различниот глас во ДУИ, т.е на нашата група, вели во интервјуто за „Република“ Изет Меџити, потпретседател на партијата.
Со други зборови Алијанса за спас на Артан Груби-нагласува Меџити.
Меџети смета дека СДСМ и ДУИ се покажаа некоректни кон Алтернатива.
Немаше да имаат Влада без тие четири гласа на Алтернатива и не требаше да ги исфрлат сега кога имаат друга комбинација. Влегувањето на Алијанса во Владата во овој момент ќе ја дестабилизира политичката ситуација во сите партии, па дури во самата Алијанса. Место да бидат лидер на албанската опозиција тие на година пред изборите влегуваат во Влада за да бидат патерица за Артан Груби и за тоа мислам дека ќе платат цена. Но немаме објаснување и кај нас зошто ДУИ е пак со Влада со 64 пратеници во најдобар случај, а може и полошо да даде од 20-30 посто од тоа што го има на Алијанса за истата бројка.
Тој објаснува што значеле зборовите искажани на митингот во Сарај дека „Груби го опкружува Ахмети со Тачи, Таравари и Села но оти со ѓаволи однадвор не се оди напред“.
Тие што го познаваат ДУИ и во најтешките времиња од 2006 до 2008 година кога победивме а не бевме дел од владата, овие луѓе сите беа против Ахмети.Почнувајќи од Тачи, Таравари, Села, Бујар Османи, Артан Груби.Ние го штитевме Ахмети од нив.