Син на поранешен директор на Бирото за јавна безбедност вчера во скопската населба Капиштец е уапсен откако полициска патрола кај него нашла одредена количина на дрога, пренесува А1он.
Неговиот татко беше назначен за директор на БЈБ после политичките промени во Македонија, а беше принуден да поднесе оставка откако дел од медиумите во земјава објавија дека неговата ќерка со службено возило на МВР бeше на пат во Грција.