Пациентот во Шпанија кој се вратил од Африка и беше сомнителен, е тестиран и е негативен на заразната болест од која умираат 88 отсто од заразените. За секој случај во идните две недели пак ќе го тестираат.
34-годишниот маж кој неодамна бил во Екваторијална Гвинеја е префрлен од приватна болница во одделот за изолација во болницата Ла Фе во Валенсија.
Тројцата здравствени работници кои го лекувале превентивно се изолирани. Вирусот Марбург може да има стапка на смртност до 88 проценти, а нема одобрени вакцини или антивирусни третмани за негово лекување.
Здравствените власти во Валенсија претходно објавија дека го откриле првиот сомнителен случај во земјата на смртоносната заразна болест, која стави во карантин повеќе од 200 луѓе во Екваторијална Гвинеја.
На почетокот пациентите често чувствуваат мускулни болки и грчеви, а може да се јави и жолтица, мачнина и стомачни болки.