Порталот на албански јазик „Индекс“ објавува дека Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ поседува куќа во скопската населба Козле во вредност од еден милион евра. Веста Мицкоски веднаш ја демантираше, повикувајќи ги институциите во државата да го проверат целиот негов имот и имотот на неговото семејство и доколку констатираат нешто што не е согласно закон веднаш да го приведат.

Ниту сум купил, ниту поседувам скриен имот и барам медиумите блиски до СДСМ и ДУИ да ми се извинат за лагите кои ги објавија, а доколку тоа не го сторат ќе ја барам правдата преку судски процес, вели Христијан Мицкоски, лидер на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Порталот „Индекс“ е воден од канцелариите на Артан Груби, првиот земеник-премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците кој преку пара вести го покрива скандалот за тоа како се стига до дуќан од пола милион евра. Патем, во таканареаната вест ја имаат погрешено куќата, куќата на сетра му е таа помалата.

Порталот е раководен од Астрит Ајдари. Инаку самиот портал го управува Артан Груби кој е во средиштето на аферата за стекнување на дуќан од пола милион евра за про форма сума од 100 илјади евра.