Нема зголемување на цени на лекови од позитивната листа, соопштуваат од Министерството за здравство за МИА, одговарајќи на прашањето дали поскапуваат лековите што не се на товар на Фондот за здравство.
Од Министерството велат дека цените на лековите што се издаваат или продаваат без лекарски рецепт, во аптеките или во продавниците за промет на мало, како витамини, минерали, препрати за третман на болка, затнат нас и слично се формираат слободно и не подлежат на регулирање.
Од 1 март поскапеа лековите кои не се на товар на Фондот за здравство. Дел од фармацевтските компании велат дека поскапувањето на лековите без рецепт е тековно и се должи на поскапувањето на суровините.