Додека рафтовите останаа празни, МВР како и останатите владини министерства и институции земаат леб поскап од 33 денари, односно 37 денари изнесува леб од 450 грама. Овие информации јавно се достапни на сајтот за јавни набавки каде освен МВР и други институции лебот го набавуваат поскапо од пропишани 33 денари за 450 грама.
Оние кои ги спроведуваат мерките ни самите не ги почитуваат. Тоа може да се забележи од оваа јавна набавка која е активна до крајот на 2023 години. Како што пишува, тендерот е од декември 2022 со важност од една година.
Останува нејасно прашањето, дали Министерството за внатрешни работи и останатите владини институции ќе го почитуваат договорот кога веќе ќе го плаќа по 37 денари за 450 грама леб?
Претходно, во текот на денешниот ден рафтовите остнаа празни. Во многу маркети денеска немаше бел леб, откако Влада синоќа на седница одлучи да ја замрзне цената на 33 денари и тоа до важи до крајот на мај. Производителите се заканија дека ќе прекинат со достава и навистина денеска имаше празни рафтови.
Граѓаните се револтирани, а инспекциите се на терен. Поскапи типови на леб за граѓаните има, но за жал многу фамилии не можат да си го дозволат истиот. Во секој случај останува забелешката дека оние кои ги спроведуваат мерките ни самите не ги почитуваат, а една од нив е и МВР.