Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека се спасени четворица косовски државјани, кои заглавиле во снегот на Галичица.

– На 03.03.2023 во 19.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во националниот парк Галичица во снег има заглавени странски државјани. Полициски службеници и екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен и од стражарска служба Галичица излегле на терен и во 19.50 часот лицата биле пронајдени, извлечени од снегот и безбедно упатени до граничен премин Стење, соопшти МВР.

Министерството додава дека се работи за четворица косовски државјани кои биле со патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со косовски регистарски ознаки.