Манчестер Сити се доближи на два бода до Арсенал и ги стави „топчиите“ под притисок, избраниците на Пеп Гвардиола вечерва минимално со 0-1 триумфираа на незгодното гостување кај Кристал Палас.
„Граѓаните“ долго време се мачеа и дури во завршницата го скршија отпорот на домаќините. Еден глупав потег на Олисе, го нагазна Гундоган кога Германецот не беше во опасна ситуација, им даде шанса на гостите да ги освојат трите бода.
Ерлинг Халанд ја превзеде одговорноста и погоди од белата точка за 0-1.