Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека трошоците за производство енормно растат, а цената на раноградинарските производи ниска, пласманот несигурен.
„Трошоците за производство енормно растат, а цената на раноградинарските производи ниска, пласманот несигурен.
Незадоволството на земјоделците од незаинтересираноста на власта и неспособноста да ги реши нивните проблеми од година во година се наталожуваат.
Шеста година откако СДС е на власт, земјоделството во Македонија тоне.
Денеска, се жалат производителите на раноградинарските култури, за неколку месеци ќе бидат земјоделците од некоја друга култура. Но, и како за се друго, власта нема да реагира и ќе убедува дека се е под контрола.
Но реалноста е сосема поинаква на терен. Измачени и понижени земјоделци, невреднуван труд и мака, оставени без никаква помош од државата….
Ова е само една од причините зошто СДС, Ковачевски и Николовски мора да заминат што побрзо!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.