Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека изминатиот месец извршил пет кражби од приватни имоти.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.