На неспособноста на власта и нема крај, АХВ не може да излезе на терен и да врши проверки, затоа што директорот не ги регистрирал навремено возилата, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Замислете во моментов институцијата која е најповикана за контрола и надзор на безбедноста на храната и животните повеќе од десет дена е со нерегистрирани возила!
Додека секојдневно сме сведоци како од маркетите се повлекуваат сомнителни прехрамбени производи, додека низ државата беснее свинската чума, се увезува храна која не се контролира, инспекторите се со “врзани раце” т.е заради неажурност на директорот Бабовски агенцијата е оставена без тендер за регистрација на службените возила одн. не се извршуваат законските надлежности на Агенцијата.
Одговорност мора и ќе има за ваквите постапки со кои се загрозува здравјето на луѓето!, пишува Трипуновски во својата објава.