Како што неславно започна, така уште понеславно привршува предметот „Титаник 2“, кој се однесуваше на прегласувањето во Струмица на изборите во 2013 година, пишува „Плусинфо“, потсетувајќи дека поминаа точно 10 години од телефонскиот разговор меѓу Мијалков и Тачи и со тоа настапи апсолутна застареност на Кривичното дело за кое се гони Мијалков.
Синоќа, околу полноќ истекоа точно десет години од моментот кога, според СЈО, е извршен спорниот разговор на Мијалков, односно од моментот кога е извршено делото, пишува порталот.
Кривичниот законик, кој во Глава 10 ја третира застареноста на делата, во член 107 предвидува дека едно дело за кое е запретена казна затвор над 3 години, не може да се гони доколку поминат 5 години од извршувањето. Овој член е важен, поради тоа што во следниот член 108, кој се однесува на текот и прекинот на застарувањето на кривичното гонење, децидно се вели:
„Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење“.
Тоа практично значи дека за ова дело, за кое можноста за кривично гонење застарува за 5 години, апсолутната застареност настапува за 10 години. За Мијалков таа настапила вчера. На Апелациониот суд не му останува ништо друго освен да констатира дека по закон делото за Мијалков е застарено.
Некој во Апелација повторно го злоупотребува угледот на судот и пушта попладневни покани за медиуми, пишува „Плусинфо“.
Вчера доцна попладнето на интернет страницата на Апелациониот суд Скопје, осамна несекојдневно соопштение, во кое што судот ја кани јавноста на јавна седница.
Целата сторија на „Плусинфо“