Денеска (28.03) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога го приведоа А.М. (37) од Скопје.
При претрес во дом во Скопје, кај А.М. се пронајдени 61 пакувања и една тегла со марихуана.
Тој е приведен во полициска станица и до надлежното обвинителство е поднесена соодветна кривична пријава, по што од судија му е одредена мерка оритвор од 30 дена.