Битолското обвинителство сѐ уште не го има добиено обдукцискиот наод за 6 годишната Јана Христовска, која почина пред една недела во Клиничката болница во Битола. Од обвинителството информираат дека во меѓувреме се преземаат дејствија за испитување на настанот, се врши распит на повеќе лица кои имаат некави сознанија, а обезбедена е дел од медицинската документација, додека остатокот ќе пристигне во обвинителството откако ќе заврши стручниот надзор во Битолската болница на Комисијата формирана од Министерството за здравство.

ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА НИВНОТО ПОСТАПУВАЊЕ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ГО ОБЕЗБЕДИ И НИВНИОТ И ИЗВЕШТАЈОТ ОД ДРЖАВНИОТ ЗДРАВСТВЕН И САНИТАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ВО ПОГЛЕД НА ПОЧИТУВАЊЕТО НА МЕДИЦИНСКИТЕ ПРОТОКОЛИ. ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА СИТЕ ПРОВЕРКИ ЌЕ БИДЕ ДОНЕСЕНА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКА ОДЛУКА ЗА НАТАМОШНИОТ ТЕК НА ПОСТАПКАТА, СЕ НАВЕДУВА ВО СООПШТЕНИЕТО ОД ОЈО БИТОЛА.

Обдукицјата на Jана беше извршена во Битолската болница, ден по нејзината смрт. Обдукциониот протокол сѐ уште не е готов, а експерите велат дека за да се компелтира потребен е еден месец, некогаш и повеќе.

ВООБИЧАЕНО БИ ТРЕБАЛО ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ДА ЗАВРШАТ СИТЕ АНАЛИЗИ ЗА ОДРЕДЕН ОБДУКЦИЈАТА, ОСВЕН АКО НЕ СЕ НАЛАГААТ ДОПЛНИТЕЛНИ ИСПИТУВАЊА, КОЈ ШТО БАРААТ ПОДОЛГО ВРЕМЕ. НО ПРОСЕЧНО ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ БИ ТРЕБАЛО ДА ИМА РЕЗУЛТАТИ, ВЕЛИ ПРОФ. Д-Р АЛАКСАНДАР СТАНКОВ, ИНСТИТУТ ЗА СУДСКА МЕДИЦИНА.

Малата Јана почина минатата среда откако роителите ја однесоа на преглед на детското одделние во Битолската болница со симптоми на блага настинка. Тие се сомневаат во лекарска грешка, затоа што состојбата на Јана нагло се влошила додека примала инфузја со гликоза, по што шеќерот во крвта се покачи од 9 на 19 единици и девојчето западна во кома и почина. Дали постои лекарска грешка, одлука ќе донесе обвинителството, врз оснава на целокупната медицинска документација и обдукцискиот наод.

ВРЗ ОСНОВА НА ТИЕ ДОКУМЕНТИ СE ВРШИ СУДСКО МЕДИЦИНСКО ВЕШТАЧЕЊЕ И ОБВИНИТЕЛОТ ЌЕ РЕШИ ДАЛИ ЌЕ ПОДИГНЕ ОБВИНЕНИ, ВО СУДСКА ПOСТАПКА СЕ ДОКАЖАУВА ВИНА ИЛИ НЕВИНОСТ НА ОБВИНЕНИТО, ВЕЛИ СТАНКОВ.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат при вонредниот инспекциски надзор не констатираше лекарски пропуст во третманот на Јана во рамки на нивните надлежности. Како што информира директорот на болницата во Битола, Обедниковски, Комисијата на Министерството за здравство вчера го заврши стручниот надзор. Сега се очекува обдукциониот наод за да утврди од што почина малото девојче.

Роднините и пријателите на Јана вечерва на протест ќе го изразат својот револт за нејзината прерана смрт со цел, како што велат, да го свртат вниманието за состојбите во јавното здравство кај нас.