Озлогласениот австриски силувач Јозеф Фрицл тврди дека е добра личност, но и одговорен семеен човек.
Фрицл, кој сега има 87 години, отслужува доживотна затворска казна откако беше откриено дека ја држел својата ќерка Елизабет во заробеништво 24 години. Монструмот ја држел својата ќерка затворена во звучно изолирана зандана под куќата додека го убедувал остатокот од неговото семејство дека таа побегнала и се приклучила на секта.
За тоа време, тој ја силувал Елизабета илјадници пати. Му родила седум деца. Едно од децата починало кратко по раѓањето. Фрицл беше осуден на доживотен затвор во 2009 година и се наоѓа во затворот Штајн, кој е најбезбедниот психијатриски затвор во Австрија.
Монструмот сега пишува книга со наслов „Амбисот на Јозеф Ф“.
Фрицл тврди во книгата дека е добар и одговорен семеен човек и оти добива стотици писма, главно од заљубени жени.
Фрицл вели дека не разбира зошто неговата сопруга Розмари, која инаку не била свесна за неговите злосторства, го оставила
Што се однесува до неговиот живот зад решетки, тој опишува како се спријателил со убиецот на проститутка, која ги готви неговите оброци во затвор.
– Но, не можам да јадам премногу бидејќи не сакам да се здебелам – напишал Фрицл.
Тој наведува и дека избегнува да влезе во затворскиот двор бидејќи има неколку затвореници кои само чекаат да го претепаат.
И покрај неговиот обид минатата година да му биде заменета доживотната казна во полесна затворска казна, што би значело дека може да биде условно ослободен, судот ја отфрли неговата жалба.