ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.А.(41) од Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од кокаин.